ТРГОВЦИТЕ НА ЕВРОПА
Минатата есен бев на бит пазар некаде во предградието на Вроцлав. Ден пред да се вратам во Хрватска, на Балканот, одеднаш ми беше потребна уште една патна торба. Не сакав скапо да ја платам, зашто ми требаше само за враќањето назад, a во Загреб и така имав неколку патни торби и куфери. Кога ќе се вратам, можам слободно да ја фрлам во отпад. Таква торба најдобро е да ја побарате на еден ваков бит пазар., на некој сиротински пазар, со шверцувана колекција на стоки, таму каде на Исток, обично во сабота и недела, се собира декласираното транзициско граѓанство, а на Запад, во исти такви предградија, емигранстски, балкански и источноевропски свет, кога посакува да се најде меѓу своите и уште за мали пари да ги задоволи сопствените конзументистички потреби.
Додека Европа се уште живее во стоковните куќи и големите трговски центри, европската сиромаштија, маргиналците и емигрантите, живеат по отворените пазари во предградијата. Кога ќе пристигнете во некој голем град, во Милано, Франкфурт, Берлин, Виена, Прага, сеедно е дали доаѓате по работа или како турист, нема ни на крај од паметот да ви падне да одите на тие пазари, на декласираните, меѓутоа ако случајно се најдете таму, она што ќе го видите можеби ќе биде позанимливо и по поучно од сите културни и историски знаменитости од туристичкиот бедекир.Нема да биде тоа вистинската слика за Европа, бидејќи вистинската слика никогаш не се гледа на маргините- колку тоа би сакале да биде , левите романтичари и книжевници – но, на тие внатрешни рабови на Европа, по перифериите на големите европски градови, ќе видите како Европа изгледа на своите географски маргини, во Молдавија, во Романија, на Балканот, а можете да откриете и од кои болести болува Европа. Можете да препознаете место на кое ќе се роди нова куга, поинаква од онаа средновековната, која на крајот ќе ја унишпте Европа.
Меѓутоа , како што напоменав, јас во Вроцлав немав така големи амбиции: само сакав да си купам ефтина патна торба, зашто на враќањето дома ми се насобраа полно работи, а мојот Самсонитиев црвен куфер беше премал. Сепак додека се возевме кон предградието, што бааги траеше, па Врослав ми се стори поголем и попростран, со многу крстосници и семафори, отоколку навистина ги има, што уште не ми падна на ум. Познато е дека на бит пазарите, освен ефтина конфекција, шверцувана стока од секоја врста, половни радио апарати и кинески музички уреди, обично се продава и меморијата на градот,, главно безвредна антикварна стока, меморабилиии и кич сувенири, семејни фотографии, албуми со значки, стари списанија, се она што на внимателниот и трпеливиот набљудувач ќе му ја разоткрие меморијата на
некое место.
Со години, се додека не ми дојдоа преку глава Хрватите и нивната книжевност, го посетував есенскиот саем на книги во Франкфурт, каде што задолжително одев на другото крајбрежје на Мајна и на тамошниот бит пазар на една пространа и убава травната површина покрај реката, ја составував калеидоскопската слика на градот. Без оглед на тоа што 1945 година ја дочека срамнет со земја, имаше тука ситни парчиња од Belle epoque, чинии за супа, со злослутна црна свастика на задниот дел, таму каде што денес, по правила пишува :Маде ин Кина. Но, секогаш беа тука темелни новински документации за 1968, списанија, магазини, новински исечоци, полициски албуми и фотографии со документација и се друго, што подобро, од било кој туристички водич, сведочеше за минатото на Франкфурт. Тука на тој пазар повеќе дознав за тој град, отколку од сите оние бескрајни неонски осветлувања, изложбени хали, во кој секој октомври се собираше севкупната Гумербегова галаксија. На Саемот на книгата ме фаќаше депресија, се чувствував беззначаен со својот јазик, инфериорна беше мојата култура и многу ограничени би биле моите можности да осознам и научам. било што ново. Меѓутоа на овој бит пазар во Франкфурт се чувствував како дома.
Сето тоа ми поминуваше низ глава додека се возев кон вроцловското предградие. И однапред можев да кажам: овој град ми е многу поблизок и поитересен од Франкфурт. Не дека ова е Источна Европа, а јас сум од Источна Европа, туку затоа што Вроцлав е град на границата од маргината. Тука се случуваа работи кои Европа сака што побргу да ги заборави, да ги превиди, да ги затвори очите пред нив… За почеток, етничките чистења по 1945 година, без оглед на тоа што со победата на антфашистичката коалиција на тоа требаше да му дојде крај. Очекував дека на овој бит пазар ќе видам нешто од германскиот, BRESKAUE но, дека тука, најпосле ќе наидам на парчиња од полската комунистичка историја и уште многу нешта очекував… На големиот простор на мртвиот колосек покрај една железничка пруга, од левата и од десната страна на трачниците, се протегаше, на повеќе од еден километар, бескраен низ на пазарни тезги, на кои се продаваше ефтина конфекциска стока, главно од непознато производство. Тука, главно во неделите можеше да се купи се. За многу малку пари тука човек може да се облече и обуе, да набави скијачка опрема, купачки гаќи и маски за нуркање, виндјакни од еколошка и животинска кожа, а може да си купи с’ од белата техника: од машини за перење алишта до телевизори со застрашувачки големи и тенки екрани. Може да купи свеж леб, сирење произведено во полските планини или, пак увезено од Холандија и лажно атрибуирано – како да е произведено во полските планини.Тука нема што нема, освен што го нема сеќавањето. После стотина метри одење и десетина минути разгледување на вроцлавскиот бит пазар, веќе си купив патна торба, околу која толку се грижев и која најверојатно ќе ми служи со години, бидејќи, иако е многу ефтина, прилично е цврста и квалитетна, така што бездушните аеродромски работници можат да ја фрлаат во багажниот простор на авионот како им е волја , да скокааат по неа и ја затрупуваат со мртовочки сандуци, во кои источноевропските емигранти се враќаат дома, мојата нова торба тоа лесно ќе го издржи. Откако ја купив торбата продолжив да барам предмети од минатото кои би можеле нешто да ми кажат за овој град или оваа земја. Знаев дека морам да се пробијам до крајот на овој бит пазар, бидејќи дури таму можат да се видат вистинските работи. Како што бит-пазарите, по правило се на периферија на големите градови, така и меморобилиите и антикварните предмети секогаш се на периферија на бит- пазарите. Но, во Вроцлав, додека човек се пробива низ тоа човечко мноштво, како би дошол до крајот на тој огромен пазар под отворено небо, налик на ориенталните пазари и базари, наместо стоката која се продава да биде позанимлива и попробирлива и наместо новите нешта бидат заменети со фрагменти од некое минато, конфекцијата стануваше се поефтина и понеквалитетна, за на крајот да се претвори во отпад. А меѓу тој отпад се наоѓа и нешто антикварно, од социјалистичкото минато: по некоја советска значка со ликот на Ленин, расипан романски греач за вода, и куп грамофонски плочи со лоша западњачка поп и диско музика, која во Полска во седумдесетите и осумедесеттиете години, на некого му нешто значела. Но, ништо домашно, ниту оригинално, нешто што на себе би го носело печатот на местото, знак на идентитетот и сеќавањето на некое поминато време. Како повеќето од вистинскиот Франкфурт е спасено под англиските бомби во 1945 година, отколку шпо е останато во Вроцлав од времето пред 1990 година. Бев разочаран но, ни малку не бев изненаден. Се почувствував дека сум дома, на Балканот. На нашите бит пазари и на тезгите под отворено небо каде многу често може да се најде токму тоа: купишта ефтина конфекциска стока, без историја, сеќавање и идентитет.
Во основа Балканот денес е токму тоа: безвредна кинеска конфекција без историја, сеќавање и идентитет. По моделот на таа и таква конфењкција се скроени сите денешни балкански национализми. А само по нив, по тие национализми, крволочни и безумни, балканските политики и култури се пропознаваат, само во нив, ако малку подобро погледнете, ако малку подобро послушате што сакаат да ви кажат тие угладени луѓе во Хуго Босс костуми, тие претседатели и премиери на Хрватска, Србија, Македонија, Бугарија, Косово. Тие на својот, често и многу добар англиски јазик, говорат потполни бесмислици за илјадагодишната историја на своите мали народи, низ кои, по обичај, биле малтретирани од своите први соседи, од кои, обично, се разликуваат по религиска припадност или ситни нијанси во формирањето на глаголските облици, внатре на своите , малку повеќе или помалку заеднички и исти јазици. Претседателите и премиерите на тие балкански земји, кои можете да ги видите на своите телевизиски екрани кога , во своите од неодамна купените владини авиони, се упатуваат во европски посети, по правило се националистички неранимајковци и ништожници, кои се обидуваат на Европа да и ја продадат својата политика. И тоа го прават секогаш на ист начин, независно дали се работи за новиот премиер на Владата на Србија или на стариот претседател на Република Хрватска: кога доаѓаат во Европа тие своите домаќини ги уверуваат како баш тие , лично, се единствените гаранти и дека на Балканот нема повторно да дојде до војна и крвопролевање. Ако Брисел не им ја даде поддршката, ако европските банки не им дадат поволни кредити, на власт ќе дојдат нивните политички противници, а кога тоа ќе се случи ќе види Европа што е беда и неволја. Со ваква политика и единствено само со неа, Хрватска дојде до прагот на Европската Унија. Само благодарејќи на неа и на ништо друго, на први јуни годинава ќе стане членка на таа заедничка држава., со што и во симболична смисла, ќе престане да биде дел од Балканот. Хрватските претседатели, и премиери, министри и министерки за надворешни работи, до тој историски успех дојдоа главно на истите лаги и измами со кои се служат нивните колеги од Србија, од Косово или од Македонија. Наместо сериозна политика и дипломатија, каква им се привидува на оние кои Европа ја гледаат само преку телевизсики екрани, Хрватите , на својот пат кон Европската Унија, во својатав транзиција од комунизмот во демократијата, се ползуваа со стратегија од најлошите трговци на европските бит пазари, на оние трговци кои доаѓаат само еднаш и никогаш повеќе, бидејќи продавават само отпад, кој наличува на вистинска конфекција. Моја среќа што на нив , во Вроцлав не наидов. Торбата која што ја купив е многу квалитетна, не само што издржа до Загреб, туку ќе ги издржи сите мои понатамошни патувања во Европа. Оној, кој торбата ми ја продаде е посериозен трговец од хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ или пак хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ, или пак, можеби поради суштината на својата работа, сепак се разликува од нив. Имено, трговците на бит пазарите и шверцерите на стоки од Исток ќе бидат таму и следната недела, па ако ви имаат продадено отпад би можеле и да ги побарате. Господион Јосиповиќ и госпоѓа Пусиќ ќе бидат мирни по продажбата на лажната хрватска политика, бидејќи немаат веќе да имаат можности за враќање на стоката. Нивната измама се состои во тоа дека на Европа и продадоа лажно декларирана стока, дека настапија како чисти измамници. Еве еден пример: за Хрватска да влезе во преговори за Европската Унија мораше уште 1997 година да биде донсен Уставен закон за правата на националните малцинства. Во тој закон требаше да стои и тоа дека српскато национално макцинство- кое во меѓувреме, во однос на предвоеното време, е трипати помалку, бидејќи поголемиот дел побегна во Србија под притосок на хрватските власти или поради други причини- има право на свое писмо. Иако и двата народа, главно се служат со латиница, ќирилица е дел од српската култура и традиција, така што сите Срби, посебно ако живеат вон Србија , својот идентитет сакаат да го потврдат служејќи се – со кирилица. Малку комплицирано, а малку и чудно, но, такви се, главно, балканските идентитети. Во секој случај, во Хрватска уште во 1977 година беше донесен закон спрема кој, на Србите, правото за користење на кирилицата ќе им биде загарантирано.
Меѓутоа во 2013 година , кога тоа право коначно требаше да биде остварено, неколку месеци пред влезот на Хрватска во Европска Унија, дојде до побуна на воените ветарани, која беше подржана од државната телевизија и повеќето медиуми, од целокупната парламентарна опозиција, како и делови од власта. Претседателот на државата Иво Јосиповиќ, на оние кои се побунија против кирилица им рекол само тоа дека требало да покренат иницијатива за промена на законот, што ќе рече да се заложат за забрана на кирилица. Го рекол тоа многу сериозно, сметајќи дека тоа нема да се слушне надвор од Хрватска. Кога утредента стигна вест од Брисел, каде што некаков низок службеник им порачал дека Хрватска би морала да го почитува законот за правата на национаните малцинства, Јосиповиќ одеднаш ја промени реториката. Поточно изјавил дека претходниот ден се шегувал или пак дека ги исмеал оние кои се побуниле против законот. Вистината е дека се понел како измамник на ориентален базар или како трговец на шверцувана стока на некој од европските бит-пазари, кого измамнеиот купувач го фатил за врат, бидејќи му продал лажна стока. Сигурно и тој е подготвен да му ги врати парите. Природно , тој само се шегувал.
Балканот е место на кое митовите и легендите служат за оние потреби во кои на друго место служи големата и малата историја. На Балканот денес е многу важно да се поништи секое индивидуално и колективно сеќавање. Тоа е важно за владетелите, на тие националистички измамници и на нивните културни елити. Во сеќавањето на минатото лежи коренот на субверзијата и уривање на владеачкиот поредок. Затоа сеќавањето е забрането. На друго место, национализмот е свртен кон минатото., со што се служат политичките конзервативци во обидите да се оневозможи промена и реформи внатре во општеството и државата. На Балканот, а посебно во Хрватска и Србија, национализмот се базира на фалсификувано, кривотворно фиктивно минато, на нешто што никогаш не се случило, но, во што целото општество треба да верува. Тој што не верува, тој бива отфрлен, избркан, екстерминиран.Оној кој не верува во измисленото минато, поопасен е од секој непријател. Меѓутоа, со екстерминацијата не се занимава полицијата, ниту пак судот. Луѓето не се затвораат во концентрациони логори, иако и тоа е дел од она хрватско минато на кое не смееме да се сеќаваме. Наместо државна репресија врз изопачените и одметниците од колективната фикција се применува колективна општествена репресија. Оние кои не веруваат во тоа дека Хрватите се подобри од другите народи, дека за време на севкуопната историја биле жртви и дека Хрватот не може да биде воен злосторник, дури и ако убие стотици Срби, оние кои не веруваат во фалсификатот на сеќавањето ќе бидат прогонети, пред очите на мирната и питома Европа, нивните соседи и пријатели, ќе ги прогони општествената заедница додека претседателот Јосиповиќ и министерката Пусиќ ќе ја продаваат на Европа лажната слика на Хрватска.
Ете затоа , на бит пазарот во Вроцлав минатата есен се почувствував како да сум на Балканот. Меѓутоа веднаш штом се упативме кон центарот на градот, од Балканот веќе бев многу далеку.
Published 2 January 2014
Original in Croatian
Translated by
Dimitar Masevski
First published by New Eastern Europe 2/2013 (English version); Roots 45-46 (2013) (Macedonian version)
Contributed by Roots © Miljenko Jergovic / Roots / Eurozine
PDF/PRINTNewsletter
Subscribe to know what’s worth thinking about.